Сцена

Роналдо ќе се ожени, но не во скоро време

Напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо изјави дека не планира во скоро време да стапи во брак. Тој за својата девојка Георгина Рондигес, која е мајка на неговите две деца, вели дека е неговата најголема љубов во животот.

– Најава за брак? Не сега, не можам да го потврдам тоа во ова интервју. Ова не е приоритет. Но, во целина, зошто да не. Еден ден. Не дека јас го избегнувам тоа, рече Роналдо во интервјуто за Пирс Морган.

На констатацијата на Морган дека Роналдо веќе има 34 години и четири деца и дека го избегнува стапувањето во брак, изјави:

– Не ме форсирај, те молам! Еден ден ова ќе се случи. На крајот на краиштата и мајка ми исто така, сонува за тоа. Затоа ќе се случи еден ден, нагласи Роналдо.

Извор: denar.mk

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Тамара: На Евровизија ќе пеам за мојата ќерка

saso user

Останала без 70.000 евра: Крах на кариерата на Северина?

saso user

Вучиќ во домот на Шаулиќ изрази сочувство за смртта на пејачот (ВИДЕО)

saso user