Урбани вести

ВМРО-ДПМНЕ Охрид со честитка за празникот Мала Богородица

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид на сите православни верници им го честита христијанскиот празник Рождество на Пресвета Богородица – Мала Богородица.

„Богородичното раѓање е празник на мајката на сите мајки, почеток на нашето спасение.

Во нејзиното раѓање се манифестира врв на синергија помеѓу Божествената благодат и човечкиот труд.

Нека Богомајката секогаш нè води по сигурниот пат, патот на милосрдието, на благовестната љубов и смирението.

Нека помогне да ги поднесеме разните искушенија и тешкотии, што ги носи секојдневниот живот, зашто нашата надеж е во Богомајката.

Нека е честит празникот Рождество на Пресвета Богородица!“– стои во честитката.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД ДОНЕСЕ ОДЛУКА ВРЕМЕН МОРАТОРИУМ ЗА ГРАДБА ВО ОХРИД

saso user

СЕ УРЕДУВА ЗЕЛЕНИОТ ПОЈАС ОД ХИДРОБИОЛОШКИ ЗАВОД ДО СВ.СТЕФАН

saso user

Запленети рибарски мрежи со пастрмка во Охридското Езеро

saso user