Број на текстови објавени денес: 93
Бизнис

Храна на енергија од сонцето ќе се готви на плоштадот во Неготино

Храна на соларна енергија ќе се готви на плоштадот во Неготино в четврток, информираше денеска Методи Митрев, портпарол во неготинската општина. Активноста е во рамките на спроведувањето на проектот Енпол-ЕЕ за потребите на Средното општинско училиште „Свети Кирил и Методиј“, а организатор е Здружението на граѓани „Ековита“. Станува збор за еднодневен натпревар за готвење на соларна енергија.

– Целта на одржувањето на настанот е сите заинтересирани присутни на лице место самите да можат да се уверат дека готвењето на храна може да биде и корисно и забавно, доколку се користат обновливи извори на енергија. Учество ќе земат ученици од 4 класа од средното училиште. Додека се готви, на плоштадот со свои производи ќе се претстават локални компании, кои работат на опрема за искористување на сончевата енергија – соопшти Митрев.

Ќе биде доделена и награда за најдобриот рецепт на учениците од СОУ „Св. Кирил и Методиј“.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

ИНОВАЦИИ ВО ОСИГУРУВАЊЕТО – ВИНЕР ОСИГУРУВАЊЕ, ПРВО ЦЕЛОСНО ДИГИТАЛНО ПРИЈАВУВАЊЕ НА ШТЕТИ ВО МАКЕДОНИЈА

saso user

Отворен ден во Цементарница УСЈЕ под мотото „Одржливост, партнерство, развој“

saso user

Мазда повлекува околу 190.000 автомобили, ќе се врши замена без надомест

saso user