Број на текстови објавени денес: 0
Македонија

Фрчковска поднесе барање: Јанева ја разрешија, сега не мора да биде во притвор

Барањето за укинување на мерката притвор за поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева е доставено до Судот и очекуваме до петок, кога истекува 30-дневната мерка притвор, да има одлука, потврди денеска за МИА нејзината адвокатка Ирена Фрчковска.

– Отпаднати се основите за определување мерка притвор и целта може да се постигне и со друга мерка, не мора да се оди со најстрогата по закон. Сметаме дека основите се отпаднати со самото нејзино разрежување од СЈО и од ОЈО Гевгелија. Сето ова е наведено во предлогот и ќе видиме каква одлулка ќе донесе Судот – изјави Фрчковска.

Таа посочи дека бараат Катица Јанева да се брани од слобода, за што предложиле и други мерки за обезбедување, како и гаранција во недвижен имот.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Пендаровски: Вистинското место за лидерска е кај мене

saso user

Заев, Спасовски и Пендаровски од Куманово: Имаме кандидат и концепт поздравени од светот, да си ја дозавршиме работата, Заедно Напред

saso user

Заев лета со економска класа, фотографиите го вжештуваат интернетот

saso user