Сцена

Род Стјуарт откри дека имал рак на простата

Британската рок-ѕвезда Род Стјуарт објавил дека се опоравил од рак на простата по двегодишно лекување, кое го чувал во тајност.

Поранешниот пејач на „Faces“, 74-годишниот Стјуарт зборувал за својата болест додека собирал средства за третман на рак на простата, објавило здружението Prostate Project.

„Никој не го знаеше ова, но си реков дека е време да соопштам. Пред две години ми беше дијагностициран рак на простата. Сега сум здрав, едноставно, бидејќи ми беше откриен рано. Направив многу тестови“, рекол Род за време на хуманитарен настан.

Род ги повикал мажите да одат на редовни прегледи, бидејќи болеста е целосно излечива ако се открие навреме.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Том Круз ги раздели неговите деца од мајка им

saso user

Деми Мур му ја одземала невиноста на славниот актер од „Два и пол мажи“ ФОТО

saso user

По две години излезе на виделина вистината: Протекоа тајните пораки на Меган и Хари напишани до нејзиниот татко

saso user