Бизнис

Македонските ИКТ компании на саемот IBC во Амстердам

Само четири компании од земја се пријавиле за учество на саемот за технологија и медиуми IBC што се одржува од 13 до 17 септември во Амстердам. Тие се дел од националниот штанд како ко-изложувачи: Piksel, Hoyo Tech, Alternative System Integration и Inellipse.во периодот од 13-17 септември 2019 година

Од Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот која е организатор на штандот соопштија дека директорот Арбен Виља имал неколку состаноци со водечки фирми од областа на технологија и медиуми кои се учесници на саемот.

IBC е највлијателниот светски медиумски и технолошки саем.

Во 2019 година IBC привлече повеќе од 60.000 учесници од 150 земји ширум светот, каде изложуваат повеќе од 1.700 од клучните добавувачи на технологија во светот.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Тевдовски: Стабилизиран јавниот долг, во пресметката се враќа и негарантираниот долг

saso user

На Меѓународен ден на некупување кај нас купувачка треска

saso user

Предлог Законот помина на владина седница, до 100 евра субвенции за повисоки плати

saso user