Број на текстови објавени денес: 94
Македонија

Лекарите утре ќе протестираат против насилството, ќе се огласат и сирени на Итната помош

Под мотото „Стоп за насилство врз здравствени работници“, лекарите и медицинскиот персонал утре почнувајќи во 11 часот ќе одржат полчасовен мирен протест на хелиодромот на скопските клиники во знак на револт против зачестените напади врз белите мантили.

– Вработените во другите јавни здравствени установи во Скопје и во другите градови  ќе протестираат, исто така, во кругот на своите установи, а протестот ќе трае околу половина час, за да не го нарушиме процесот на пружање здравствени услуги на пациентите – изјави д-р Божидар Кочоски од Асоцијацијата на млади лекари.

Синдикатот на Клинички центар го поддржува протестот, кој е во организација на Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари.

Извршниот одбор на Синдикатот на Клинички центар денеска го повика своето членство масовно да се придружи на протестот и ги извести директорите на јавните здравствени установи дека членовите на Синдикатот утре ќе ја користат получасовната пауза од 11 до 11.30 часот за да можат во тој период да се приклучат на протестот.

Како што најавуваат, вработени во Итната медицинска помош, членови на Синдикатот на Клинички центар, со едноличнo свирење од сирената ќе изразат поддршка на протестот.

– Ако неговиот претходник пред пет години, се соочувал со пет случаи на напади на доктор годишно, министерот Филипче се соочува со 15 случаи на напад на доктор за изминатите девет месеци од оваа година – соопштуваат од Синдикатот на Клинилки центар и дополнуваат дека ресорниот министер ги исклучил од учество во дебатите за решавање на проблемот со насилството во здравството.

Со таа постапка, оценуваат, ги оставил вработените во Клинички центар без влијание во креирање на политиките на надлежните институции во решавањето на овој многу важен проблем. Од дебатите за наоѓање решенија за спречување на насилството, стои во соопштението, ја исклучил и Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари, иако е организатор на протестот, на кој го најави своето присуство и рече дека ќе го предводи.

На утрешниот протест ќе присуствува и министерот за здравство, Венко Филипче.

Според законот, напад на лекар се смета како напад на службено лице и за овој прекршок може да се одреди и казна затвор од 10 години.

Последниот насилник кој во минатата недела физички нападна вработени во Градската хируршка клиника „Свети Наум Охридски“ во Скопје, заработи кривична пријава.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Берберот на обвинет за „Монструм“ повторно тврдеше дека немал брада како што кажал загрoзениот сведок

saso user

Повреден американски параглајдерист, паднал врз возило во Љубаништа

saso user

Со измените од лидерската, Законот за ЈО пратен до ВМРО-ДПМНЕ

saso user