Свет

Кардиналот Пел поднел жалба на пресудата за педофилија

Кардиналот Џорџ Пел поднел жалба до највисоката судска истанца во Австралија на пресудата за педофилија, соопшти Високиот суд на Австралија.

Во претходната инстанца Врховниот суд на државата Викторија ја отфрли жалбата на кардиналот и ја потврди пресудата со која беше осуден на шестгодишна затворска казна.

Не е познато дали Високиот суд на Австралија, чие седиште е во Канбера, ќе се занимава со случајот на Пел. За тоа дали ќе има постапка одлуката ќе ја донесе судија од овој суд, што, меѓутоа, тоа може да потрае со месеци.

Кардиналот Пел, некогаш трет човек во хиерархијата на Ватикан, во март годинава беше осуден заради сексуално злоставување на две момчиња.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Eден загинати и осуммина повредени во експлозија на бензиска кај Зворник ВИДЕО

saso user

Во хостел во Лисабон заразени дури 138 од 175 лица, се тестирале во џамија

saso user

Могерини: Нов напад на Русија на украинскиот суверенитет

saso user