Број на текстови објавени денес: 98
Спорт

Де Јонг: Ајакс изгледа како Барселона

Новиот играч на Барселона, Френки де Јонг, пред првиот натпревар од групната фаза од Лигата на шампионите против Борусија Дортмунд смета дека неговиот поранешен клуб Ајакс и каталонскиот клуб имаат слична фудбалска филозофија.

– Во принцип, Барселона и мојот поранешен клуб Ајакс имаат слично фудбалско размислување  и сфаќање на играта. Секако, јазикот е различен, но разликите не се толку големи. Што научив со преселбата во Барселона? Научив многу зборови на шпански! Тешко е да се каже што друго научив. За три недели, невозможно е да се научи да се погоди горниот агол од голот – изјави Де Јонг.

Барселона вечерва од 21 часот и гостува на Борусија Дортмунд во првото коло од групната фаза во новата сезона на Лигата на шампионите.

ФОТО: EPA / Alejandro Garcia

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Бојкотот на Меси ги разбесни Каталонците по добиеното признание

saso user

Кошта дебело ќе го чини пцуењето на судијата Мансано

saso user

Солскјер кон Погба: Уште една сезона и те продаваме

saso user