Број на текстови објавени денес: 93
Урбани вести

Градоначалникот на Ресен Гошаревски направи увид на градежните работи кои се во полн ек на целата територија на Преспа

Градоначалникот на Општина Ресен, Живко Гошаревски вчера направи увид на градежните работи кои што се во полн ек на целата територија на Преспа.

Најпрво тој го посети Градскиот пазар каде што го информирале за тековните активности во склоп на изградбата на новиот Градски пазар со чија изградба Општината конечно ќе добие пазар по највисоки стандарди.

Ги посети и селата Царев Двор и Горна Бела Црква како и краковите на улиците „Борис Кидрич“ и „Иво Лола Рибар“ каде што е во тек асфалтирањето на улиците.

Градежните активности продолжуваат и понатаму со уште позасилено темпо, се со цел подобрување на условите и поквалитетен живот на жителите на општина Ресен.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Остварени значајни средби на Саемот за туризам во Загреб

saso user

ДОДЕЛЕНИ СЕРТИФИКАТИТЕ ЗА ЗАВАРУВАЧИ

saso user

СОБИР НА ГРАЃАНИ НА УРБАНА ЗАЕДНИЦА „15 КОРПУС“

saso user