Број на текстови објавени денес: 93
Македонија Топ вести

ГЕОРГИЕВСКИ-ОТСТРАНУВАЊЕТО НА ДИВОГРАДБИТЕ ЌЕ БИДЕ СЛОЖЕН ПРОЦЕС КОЈ ЌЕ ТРАЕ ПОДОЛГ ВРЕМЕНСКИ ПЕРИОД

„Процесот на отстранување, рушење на дивите градби во Охрид претставува комплексна и сложена операција, кој временски ќе потрае. Испекторите од Општина Охрид секојдневно се на терен и веќе изготвуват решенија за објекти кој во продолжение имаат диво изградени тераси долж обалата на Охридското Езеро. Од 480 евидентирани дивоградби во Охрид, реален проблем за поголем дел од нив е Законот за легализација на диво изградени објекти. Поголем дел од сопствениците на диво изградените објекти, имаат поднесено барање за легализација. Според Закон, најнапред треба да ја причекаме одлуката од надлежните министерства во врска поднесените барања за легализација, а тек потоа согласно Закон може да постапуваме кон нивно отстранување. Законот за легализација, направи преголеми проблеми, со кој Закон допрва ќе имаме уште проблеми. Општина Охрид веќе поднесува соодветни Кривични Пријави против сите оние кој градат спротивно на Закон, но тоа не значи, дека сите ќе бидат прифатени од надлежно обвинителство, како што и до сега во пракса може да се увиде, дека не се постапувало, што додатно ја усложнува севкупната постапка.

Општина Охрид и Јас мора да сме реални, процесот на отстранување на дивите градби претставува сложен процес, кој ќе трае подолго време. Што се однесува до плажите, кој работат без соодветна добитна Концесија, против истите ќе биде поднесна Кривична Пријава за сторено кривично Дело Узурпација на Јавни Добра и, против истите ќе поднесме тужбени барања за надоместоци. Законите важат подеднакво за сите граѓани, Јас како Градоначалник ќе бидам отворен за сите граѓани и нивните права подеднакво“- ќе истакне Константин Героргиевски, Градоначалник на Охрид.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Студентскиот дом „Гоце Делчев“ доби реновирано игралиште

saso user

Сопругот на докторката што ѝ дала боледување на Јанева работи во СЈО

saso user

Наполнете гориво, од полноќ поскапува до три денари

saso user