Број на текстови објавени денес: 97
Свет

Атентат врз авганистанскиот претседател, Гани преживеал, 14 загинати

Врз карванот во авганистанскиот претседател Ашраф Гани денеска бил изведен бомбашки напад, а претседателот, според првичните информации, останал неповреден и бил засолнет на безбедно место.

Во моментот на нападот Гани бил во провинцијата Парван, која ја посетил во рамки на неговата претседателска кампања.

Британските медиуми наведуваат дека на местото на нападот погинале најмалку 14 лица, додека Раша Тудеј и американските меидуми наведуваат дека во нападот има 24 жртви. Раша Тудеј, исто така, дознава дека бомбата била поставена под возило на службата за безбедност.

Портпаролот на авганистанскиот претседател, во изјава за американските медиуми, кажа дека Гани бил присутен за време на нападот, но дека не е повреден и се наоѓа на сигурно место.

Според некои информации, бомбата експлодирала на почетокот на средбата на насобраната толпа приврзаници на Гани.

Засега ниту една група не ја презеде одговорноста за нападот, а останува и нејасно дали претседателот била главната цел на терористите.

ФОТО: EPA / JAWAD JALALI

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Мајка за почит: Има 16 деца, а куќата е совршено средена и чиста

saso user

Ослободена руската новинарка во Иран

saso user

Седум години затвор за лице кое подготвувало бомбашки напад во Шведска

saso user