Број на текстови објавени денес: 0
Бизнис

Ќе се работи на терен за воспоставување на заеднички гранични контроли со Албанија

Формирање на мешовити работни групи од надлежните институции за воведување на заедничко гранично управување со едно застанување „One Stop Shop”договори министерот за економија Крешник Бектеши на денешната средба со албанската министерката за економија и финансии Анила Денај и тамошниот министер за внатрешни работи Сандер Лешај во Тирана.

Работните групи ќе работат на техничките предуслови за воведување на заедничко гранично управување на патниот граничен премин Ќафасан-Кафатане.

– Албанската страна веќе достави нацрт- верзија на Спогодба за заедничко гранично управување, чијшто текст е прифатлив за нас и е појдовна основа за преговори за негово склучување. Во наредниот период ќе работиме на создавање на предуслови на терен за функционирање на овој концепт, по што ќе следи усогласување на Спогодбата по спроведување на законските постапки на двете држави – изјави Бектеши по средбата.

Тој очекува техничките предуслови од двете страни да бидат завршени до крајот на годината.

Министерката за финансии и економија на  Анила Денај, пак, рече дека за забрзување на процедурите за отварање на „One Stop Shop” на граничниот премин Ќафасан треба да се искористат позитивните искуства кои ги имаат двете земји со Косово и со Србија.

Владата во септември 2018 година донесе одлука за започнување на постапка за воведување на заеднички гранични контроли со Албанија на патниот граничен премин Ќафасан-Кафатане. На почетокот на 2019 година оваа иницијатива беше прифатена од страна на Република Албанија, при што од албанската страна беше доставен и нацрт- текст на Спогодба за воведување на заеднички гранични контроли на патниот граничен премин Ќафасан-Кафатане.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Тевдовски за извештајот на ЕК: Ги направивме клучните реформи, сега одиме напред

saso user

Банкарите ги загрижува оданочувањето на каматите на депозитите

saso user

Прилепчани денеска во центарот на градот може да прашаат што не им е јасно за „Мој ДДВ“

saso user