Број на текстови објавени денес: 98
Урбани вести

Се одржа првата велосипедска Тура: Славеј Планина + Караорман

Општина Дебрца вчера доби уште еден значаен спортско-рекреативен настан, Првата велосипедска Тура: Славеј Планина + Караорман. Градоначалникот Ногачески ја доби честa свечено да ја отвори турата на која учество зедоа 40-тина вљубеници на планинскиот велосипедизам, од цела Македонија.
Поздравувајќи ги учесниците, посебно истакна дека општина Дебрца располага со доста неоткриени природни убавини, кои што се магнет за љубителите на природата, екологисти, планинари, а во поново време и љубители на планински велосипедизам.
На учесниците им посака успешен настан, посебно да ја почуствуваат недопрената природа во пределот на Славеј планина, Алипашица, Караорман, Лисец, каде поминува рутата, во должина од околу 45 км и притоа да се напојуваат од слободарскиот дух на овој крај.
Општина Дебрца во целост го поддржува овој спортско-рекреативен настан и за таа цел оваа година помогнавме да се санираат шумските патишта, каде поминува рутата, а од идната година овој настан ќе влезе во годишните програми на општината.
Посебна благодарност изрази и до организаторот на настанот, Здружението за спорт и рекреација “Прв до Врв”, Скопје, кој ја спозна Дебрца , како извонредно подрачје за организација на еден ваков настан, со што продонесува да се промовираат здравиот начин на живот, природните убавини, историското и културното наследство на Дебрца.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

СЕ САНИРА ОШТЕТЕНИОТ ДЕЛ ОД УЛИЦАТА „ВАНЧО НИКОЛЕСКИ“

saso user

ПОВИСОКИ ПРИХОДИ НА ОПШТИНАТА И ЈАВНИТЕ ПРЕТПРИЈАТИЈА

saso user

Успешно заврши јубилејната 35-та Интернационална Ликовна колонија “Дебрца 2019”

saso user