Број на текстови објавени денес: 98
Здравје

Предупредување: 3 часа дневно на социјалните мрежи го уништуваат мозокот на вашите деца!

Новото време донело и нови болести на зависности. Напредокот на технологијата, колку и да го олеснува нашиот секојдневен живот, истовремено носи со себе и опасности за здравјето.

Во САД е направено научно истражување чии резултати се алармантни– тинејџерите кои поминуваат часови листајќи Фејсбук, Инстаграм и Твитер имаат многу поголеми шанси да заболат од некое психичко пореметување, какви што се депресија, осаменост, анксиозност.

Исто така, таквите деца можат да бидат многу поагресивни или пак поповлечени во однос на другите деца. Меѓутоа, проблемот е што тие други деца се многу малку.

Имено, во истата студија е утврдено дека 95 отсто од испитаните деца имаат паметен телефон, а дури 45 отсто од нив рекле дека се „речиси константно“, по цел Божји ден, „висат“ на социјалните мрежи или на Јутјуб. Иако е ова истражување направено во САД, со голема сигурност може да кажеме дека вакви резултати би можеле да се покажат и во други делови од светот, особено во Европапа и кај нас.

Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.

Фото: Pixabey

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Бебињата ги „читаат“ нашите намери уште од вториот месец

saso user

Витамини кои ја подобруваат работата на мозокот

saso user

Научниците конечно го урнаа најраспространетиот мит за утринскиот оброк и создадоа нова парадигма за храна во светот!

saso user