Спорт

Прва победа за Рома сезонава, деби гол за Микитаријан

Рома забележа удобна победа од 4:2 над Сасуоло во третото коло од Серија „А“. „Волците“ го растргнаа својот противник по нешто повеќе од половина час игра, кога веќе реализираа четири гола и практично го затворија натпреварот.

Брајан Кристанте го отвори резултатот во 12-тата минута, а седум минути подоцна Един Џеко удвои. Во 22-та, Хенрих Микитаријан го постигна својот деби гол за 3-0, а 11 минути подоцна Џастин Клајверт стави точка на дуелот.

Резултатот премногу ја опушти домашната екипа која прими два гола во второто полувреме. Доменико Берарди беше прецизен за Сасуоло, постигнувајќи во 53-тата и 72-та минута од дуелот, со што го спречи голманот Пау Лопез да ја запише првата сува мрежа.

На тој начин Римјаните ја остварија својата прва победа во новата сезона, откако во првите две кола забележаа две реми против екипите на Џенова и Лацио.

Што се однесува до Сасуоло, екипата дозволи втор пораз во сезоната, откако во последното коло забележа победа од 4:1 над Сампдорија.

Резултати од Серија „А“:

Џенова – Аталанта 1:2
Бреша – Болоња 3:4
Парма – Каљари 1:3
СПАЛ – Лацио 2:1
Рома – Сасуоло 4:2

Во моментов играат Верона и Милан во последниот дуел за денешната програма.

ФОТО: EPA / RICCARDO ANTIMIANI

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Паника во лондонскиот клуб, менаџерот на Арсенал заразен со коронавирус

saso user

Валверде: Неколку натпревари без публика се нормални, но 100, ќе биде тешко

saso user

Прв спортски камп за лица со попреченост во Ресен

saso user