Број на текстови објавени денес: 0
Бизнис

Не се откажуваме од автомобилите, а за превоз го сакаме и возот

Автомобилите се доминантно превозно средство во домашниот транспорт за македонските граѓани, кои пак од расположивите видови транспорт најмалку користат воз.

На транспортот со автомобил отпаѓаат 77,2 процента од поминатите патнички километри, по што следи патувањето со автобус со 22,2 процента, а со воз 0,6 проценти, покажуваат податоците на Еуростат, објавени на почетокот на Европската недела на мобилност.

И за жителите на Европската унија најчест избор во внатрешниот сообраќај се автомобилите, но таму е речиси изедначен превозот со автобус и со воз. Со автомобил се движеле 83,3 проценти од патниците, 8,8 отсто со автобус и мотор, а 7,9 проценти со воз.

Меѓу земјите членки, најголем број поминати патнички километри со автомобил има во Литванија, 91,1 процент, по која следат Португалија и Словенија со 88,5 односно 86,5 проценти.

Кај патувањето со воз со 11,9 проценти лидер е Австрија, зад која се Холандија со 11,4 проценти и Франција со 10,8 проценти. Унгарија, пак, е државата со најголема застапеност при патување со автобуси и тролејбуси, на кој вид превоз отпаѓа 21,1 процент, по што следат Кипар со 19 проценти и Малта со 17,5 проценти.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Премиерот Заев на 20-годишната конференција на АД Македонска Берза

saso user

Анѓушев го проба Фиќото – првиот македонски електричен автомобил

ohrid_user

Ќе се отворат регионални центри за средно стручно образование и обука

saso user