Број на текстови објавени денес: 0
Здравје

Неколку свежи сливи на ден ќе ги зајакнат коските и ќе го намалат ризикот од рак на дебело црево

Ако секој ден јадете по 12 сливи, и така правите цели два месеци, значително ќе го спуштите нивото на холестерол во крвта, тврдат научниците. Покрај тоа, ќе ги зајакнете коските и ќе го намалите ризикот од заболување од рак на дебело црево.

Антиоксидансите од сливите ги уништуваат слободните радикали кои можат да доведат до оксидација на холестеролот, кој значително го зголемува ризикот од мозочен удар или висок холестерол.

Сливата е богата и со влакна и затоа е задолжителен избор во случај на отежнато празнење и запек. Дихидрокси-фенил изатин е една од состојките на сливите, поради кои, меѓу другото, ова овошје има лаксативно дејство.

Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.

Фото: Pixabey

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Рецепт: Како да се ослободите од тешките метали во организмот

saso user

Што смеете да јадете, а што не, ако ве мачат грчеви

saso user

Еве што им се случува на бебињата во стомакот кога трудницата пуши

saso user