Број на текстови објавени денес: 0
Свет

Напади на банки и канцеларии на Нова Демократија, приведени 25 лица

Во четири различни атински населби, за помалку од половина час, непознати лица, на четири локации нападнале и нанеле штета на две канцеларии на Нова демократија и на две филијали на банки, а грчката полиција привела 25 лица, jави дописничката на МИА од Атина.

Од Нова демократија преку соопштение велат дека ова е петти пат, за неколку дена, нивните канцеларии да бидат мета на напади.

– Очигледно е дека Нова демократија нема да се исплаши од никој и ќе продолжи уште порешително со борбата против беззаконието за чувството на безбедност да се зајакне секаде – соопштуваат од грчката владејачка партија.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Загинаа 13 лица при пад на приватен мексикански авион

saso user

Прослава по повод 70 години Народна Република Кина

saso user

Корисниците на Фејсбук од целиот свет пријавуваат проблеми

saso user