Број на текстови објавени денес: 98
Урбани вести

НАЈМЛАДИТЕ ЈА ПРЕНЕСОА ПОРАКАТА ЗА БЕЗБЕДЕН СООБРАЌАЈ

Со  соодветни транспаренти во рака дечињата згрижени во   ЈОУДГ  „Јасна Ристеска“, денеска  продефилираа низ централните градски  улици и кејот и се вклучија во одбележувањето на Европската недела на мобилност. Настојувајќи да покажат дека и тие се   учесници во сообраќајот  кои сакаат да биде многу побезбеден без возила тие ја пренесоа пораката „Рака за рака “.

Во рамки на Европската недела на мобилност што се  одбележува од 16 до 22 септември, утре во период од 10:30 до 12 часот ќе биде промовиран проектот  „ Паркинзи за велосипеди“. Според предвиденото на девет локации во Охрид ќе бидат поставени паркинзи за велосипеди. Проектот се реализира во соработка со ЗЕЛС и ГИЗ.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Светски познатата виолинистка Ванеса Меј вечерва го отвора „Охридско лето“

saso user

ДЕНОВИ НА БУГАРСКАТА КУЛТУРА, ФОЛКЛОР И ТРАДИЦИЈА

saso user

Сузан Помпео доби ѓердан и обетки од охридски бисер

saso user