Број на текстови објавени денес: 0
Бизнис

Малите фирми повеќе сакаат да работат локално отколку да извезуваат

Годишно по 100 мали и средни фирми се обидуваат да воспостават контакт преку Европската мрежа на можности (Enterprise Europe Network) со странски компани, да обезбедат технологија или да побараат финансирање на истражувачки проекти. За 12 години преку оваа мрежа меѓу 2.000 до 3.000 фирми побарале информација преку мрежата.

– Преку мрежата која функционира во 60 земји се создадени 7.000 партнерства, односно секоја 4 фирма оствариле ново партнерство, 3 од 4 фирми успеале да излезат на меѓународниот пазар. Дури 44 отсто од нив го зголемиле својот обрт, 40 отсто почнале нов бизнис – изјави координаторот на на мрежата за земјава Виктор Стојмановски на денешната прес-конференција во Стопанската комора.

Мрежата им овозможила на 2.400 фирми да аплицираат за пари од европските фондови.

Стојмановски вели и дека малите и средните фирми многу малку учествуваат во извозната структура на земјава. Ваквата состојба, додава тој, е резултат на свртеноста на малите фирми кон локалниот пазар и незаинтересираноста да се контактира со меѓуранодниот пазар.

– Соработката со странство главно ја реализираат во ИТ секторот, но не и во сегментите кои подразбираат увоз на суровина и репроматеријали, за потоа да се пресмета некаква додадена вредност – појаснува тој.

Според него, соработката на фирмите со мрежата треба да се интензивира за уште поголеми придобивки, не само на претпријатијата, туку и генерално, на домашната економија.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Од аеродромот Скопје од денеска ќе се лета до Баден и Бремен

saso user

Акционери во „Топлификација“ до Заев: Со лажен стечај ни одзедоа 34 милиони евра

saso user

Додека поминат граница, производите ќе се расипат

saso user