Број на текстови објавени денес: 0
Свет

Крајот на светот во 2040 година?

Компјутер создаден со цел да ги предвидува идните настани, во 1973 година го претскажал и крајот на светот, каков што го знаеме. Но, наводно, научниците решиле да не го објават тоа веднаш.

Според овој алгоритам, создаден од австралиски научници, крајот на цивилизацијата ќе се случи 2040 година, поради влошување на еколошките фактори и пренаселеност на планетата. А пак, клучната точка, кога би требало да се очекуваат кардиналните промени, е 2020 година.

Машината, исто така, го предвидела и брзиот развој на технологии, што „на човекот ќе му причинат повеќе штета, отколку полза“.

Сепак, не е сѐ така црно, зашто според компјутерот, нема да има трета светска војна, „иако водечките држави ќе поседуваат нуклеарно оружје“.

Истражувачите кои неодамна, наводно случајно ги откриле овие материјали од 1970-тите, сметаат дека и не е така тешко да се предвиди сѐ ова, оти „историјата е дело на човекот и тој, секако, ги разбира последиците на своите дејствија“.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Руско државјанство за Украинците во Доњецк и Луганск

saso user

Тројца мртви и еден потешко повреден во бура во Франција

saso user

Трамп ја утна патеката на Дориан

saso user