Број на текстови објавени денес: 0
Македонија

И Македонките сакаат усни како Анџелина Џоли, а јаболчици како Северина, си носат и слика кога одат на Клиника

Иако важиме за убава нација, сѐ повеќе граѓани сакаат и со естетска хирургија или само со вбризгување хијалурон, ботокс, да се разубават. Пациенти се и помладите и постарите, бидејќи на некои 20-годишници дури и младоста не им е доволна, па бараат да имаат усни како Анџелина Џоли, а јаболчици како Северина. А си носат и слика за точно да им покажат на хирурзите како очекуваат да изгледаат по операцијата. Некои се подложуваат на склапелот исклучиво на барање на партнерот,  кој сугерира градник 100, иако девојката или жената носат градник 75 или 80…

За тоа кои естетски операции се најбарани, кои супстанци од кои ќе ви исчезнат брчките се штетни, а кои безопасни, појаснува д-р Андријана Нацеска, специјалист на Универзитетската Клиника за пластична и реконструктивна хирургија во Скопје.

И мажите се заинтересирани за разубавување

Што најчесто се користи за разубавување на жените, но и на мажите во Македонија, а е достапно на Клиниката за пластична хирургија – филери, хијалурон, ботокс, силикон?

– На Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија достапни се сите естетски корекции за постигнување подобар изглед. Од неинвазивните процедури за подмладување кај жените најчесто се користат хијалурон и ботокс, но во последно време и мажите сѐ почесто се заинтересирани за одредени корекции.

Која е најмладата пациентка од земјава што ја побарала оваа услуга кај вас ? Дали прво се обидувате да ги разубедите во намерата?

– Пациентите кои се интересираат за естетски корекции се млади девојки кои најчесто се незадоволни од формата и големината на носот, градите, усните. Ставот во однос на естетските корекции е пациентот да е постар од 18 години. Другата група на пациентки се жени по 40-годишна возраст, кај кои годините, во комбинација со стилот на живот и животните навики влијаат на изгледот и појавата на првите знаци на стареење. Ние како лекарски тим на пациентите им го нудиме најдоброто, првенствено по однос на нивното здравје. Секако дека се обидуваме да ги разубедиме доколку нивните барања се нереални.

Во јавноста најчесто владее мислење дека овие средства што се вметнуваат се штетни по здравјето – има ли и колава е опасноста од хијалурон, ботокс, силикон?
– Секако дека секоја интервенција која се врши е оптоварена со одреден ризик од појава на компликации. Базата на хијалуронските филери, кои најчесто се користат за корегирање на брчките, е хијалуронската киселина која природно ја има во кожата. Значи, хијалуронските филери не се штетни по здравјето. Тие се подложни на ресорпција, поради тоа на одреден временски период (6-12 месеци) процедурата треба да се повтори.
Дали доминираат пациентите кои се токму во години кога им треба некоја интервенција на лицето, на пример, над 50 години, или повеќето се помлади?

– За апликација на хијалуронски филери и ботокс повеќе се заинтересирани помладите пациенти, а aкцентот е повеќе на разубавување на горната третина од лицето.

Корекција на очните капаци за убаво, полно око

Дали и кои интервенции Вие како специјалист ги препорачувате за разубавување како најмалку штетни, а со пристоен ефект – за пеглање на брчките на лицето и на вратот?
– Најновите трендови во естетската хирургија се употреба на минимално инвазивни процедури со кои ќе се постигне свеж изглед. Акцентот е повеќе на горната третина од лицето. Секогаш нашето внимание ни го привлекува убаво, полно око. Поради тоа како процедура би ја издвоила и препорачала блефаропластиката (корекција на очните капаци) во комбинација со хијалуронски филер или липофилинг. Липофилинг е процедура со која се вбризгува сопствена маст како траен филер за зголемување на волумен (пополнување на брчки, волумен на усни).
Доаѓаат и да исполнат желба на партнерот!

Дали особено помладите, покажуваат урнек од некое естрадно лице, како чија уста да имаат, на пример, или какви јабочици на образите?

– Често пати се случува пациентите да дојдат со фотографија од познато лице, така бараат усни како Анџелина Џоли, јаболчици како Северина …

Кои интервенции најчесто се бараат кога е во прашање естетска хирургија?Има ли некој што исклучиво на барање на партнерот бара операција за да добие поголеми гради или помал нос?
– На Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија најчесто се изведуваат естетски корекции на уши, нос и гради. Најмладите пациенти се деца и тие доаѓаат за  корекција на клемпави уши – еве еден од најмладите пациенти е дете на 6-годишна возраст. А точно е – има и пациенти кои се подложуваат на одредени корекции поради желбата на нивниот партнер.
Ги следите ли овие пациенти и по операција – дали забележувате можеби дека им се зголемила самодовербата, дали се позадоволни од својот изглед по овие интервенции?

– Постоперативното следење на пациентите е неизоставен дел од нашиот третман. Пациентите ја напуштаат нашата клиника задоволни од третманот и услугата и со зголемена самодоверба, задоволни од подмладениот и подобар изглед.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Синот на Мира Стојчевска најави дека во вторник ќе даде отказ во ЕЛЕМ

saso user

Декларација за шут карта од СДСМ за секој инволвиран во „Рекет“

saso user

Заев: Логична е постапката на Јанева предметите од СЈО да преминат во ЈО, не сум добил покана за распит за „Рекет“

saso user