Свет

Загинаа обвинител, неговата сестра и нивните семејства во пожар во сибирскиот град Краснојарск

Осум лица, меѓу кои и четири деца, погинаа во пожар во станбена зграда во сибирскиот град Краснојарск, соопшти руското Министерство за вонредни ситуации.

Пожарот избил синоќа околу 22.30 чсот на третиот кат од една станбена зграда, а пожарникарите на терен излегле осум минути по повикот, наведува Тасс.

„Откако пожарокот бил изгаснат, пронајдени се осум тела, вклучувајќи и на четири деца”, соопштија од министерството.

Извор од локалната администрација за руската агенција изјавил дека во пожарокот погинал и обвинителот Василиј Федорцов.

– Во пожарот настрадаа обвинителот и неговото семејство, како и семејството на неговата сестра – навел изворот за Тасс.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Генералка на Фејсбук, се бришат лажни профили

saso user

Морам сама да ја мијам косата! Сузана Манчиќ во изолација предизвика бурни коментари ВИДЕО

saso user

Бурата „Бери“ ослабна во „тропска депресија“

saso user