Здравје

Еволуција на доењето

Верувале или не, најприродната појава на светот каква што е доењето буди многу контроверзи и тоа не само во последните неколку години, туку со векови. Во магазинот Nature’s Body: Gender in the Making of Modern Science, објавен е многу интересен текст во кој се зборува за тоа како се гледало на доењето пред неколку стотици години и како тоа еволуирало до денеска.

Во текстот се спомнува дека во дамнешни времиња се верувало дека мајчиното млеко лекува глувост и дека може да оживее мртви. Но тоа е само почеток на интересните факти врзани за доењето.

Имено, уште древните Египќани, Римјани и Грци им советувале на младите мајки да ги дојат своите потомци, но во подоцнежните години доењето станало навика на „пониската класа“ па жените од високото друштво имале доилки кои ги доеле нивните деца. Тоа било посебно изразено во 18.век.

Со време, „доилка“ станала платена професија, а жените на кои тоа им станало професија најмногу работа имале во Европа, кадешто жените најмногу ги користеле нивните услуги. Овој тренд нагло опаднал кога владата објавила дека пораснал морталитетот на новороденчињата за што биле обвинети токму доилките.

Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.

Фото: Pixabey

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Како се употребува куркумата за губење на килограмите

saso user

Освен што е здрав и лековит, лукот помага за слабеење и детоксикација

saso user

Прегледајте ги очите барем еднаш годишно

saso user