Македонија Топ вести

Јанева од денеска е невработен граѓанин!?

Советот на јавни обвинители на денешната седница донесе одлука да биде ставено вон сила делот од решението за разрешување на СЈО Катица Јанева со кое е определено дека и мирува функцијата како јавен обвинител во ОЈО Гевгелија.

Претседателот на Советот на ЈО Ацо Колевски, појасни дека Специјалното јавно обвинителство и редовното државно Јавно обвинителство се посебни институции, така што, со решението таа фактички и не може да ја обавува функцијата јавен обвинител.

– Со тоа што е определено дека е ставено вон сила решението со кое и мирува функцијата како јавен обвинител во ОЈО Гевгелија, фактички и веќе не може да ја обавува функцијата како јавен обвинител – изјави Колевски.

Посочи дека одлуката за престанок на функцијата на Јанева е донесена поради одлуката за нејзино разрешување од СЈО поради нестручно и несовесно врешење на функцијата.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Нема прегласување во Ново Село, ДИК го отфрли приговорот на ВМРО-ДПМНЕ

saso user

Работна посета на МНР Никола Димитров на Република Чешка

saso user

Радев: Заштитата на воздушниот простор е долг кон братската Република Северна Македонија

saso user