Број на текстови објавени денес: 98
Досие Топ вести

ПАРАДАТА НА ДИВОГРАДБИТЕ ПРЕРАСНА ВО „РЕКЕТ“ ПАРОДИЈА?!

Денеска во Охрид се одржа работна средба на Градоначалникот на Охрид Константин Георгиески со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој беше придружуван од началникот на СВР Охрид Сашо Смилески  и министерот без ресор Едмонд Адеми. Средбата имаше за цел да се одлучи како да се отстранат дивите градби во Охрид?!

РУШЕЊЕ НА ДИВОГРАДБИТЕ РАВЕНСТВО СО МИЛИОН НЕПОЗНАТИ?!

Рушењето на дивоградбите во Охрид, претставува равенство со милион непознати, во рушење верува само оној, кој патем верува дека постои Дедо Мраз, кој на крај наместо новогодишно пакетче, ќе му донесе Багер на Балкон на 6-ти спрат!

Од кого беше придружуван министерот за полиција Оливер Спасовски, а тоа беше началникот на СВР Охрид Сашо Смилески, да не ве чуди, денот кога ќе треба полицијата да асистира за рушење на дивоградби, целиот состав на СВР Охрид да се разболи. Да воопшто не е чудно, зошто во регистарот за рушење на дивоградби и патформи, се наоѓаат омилените места на охридскиот началник Смилески,каде ужива во 35 килограмски крапови, добри вина, додека градот Охрид мака мачи со надојдените домашни но и надворешни лопови, дилери, криминалци. Додека градот тоне во криминал Смилески ужива на дивите тераси „Потпеш“, „Ноа“, „Острово“ кај Свети Наум и други локалитети ,а зошто не скенирал фискални сметки од килиметарски изедените крапови и тони испиени вина, секако дека Лукаревска ќе причека, началникот никаде не плаќа, тој секаде е ВИП гостин, исто како што беше ВИП придружник на Зоран Милевски Кичеец цели 3 дена пред неговото апсење за случајот „Рекет“!

Додека има вакви „килави“ началници, кој деноноќно се гостат со криминалци, Охрид ќе биде целосна дивоградба, па така наместо да ги затвораат градежни работници, зошто во нивните работнички одела не носеле Лични карти и да глумат лудило, додека добро соработуваат со сопствениците на дивоградбите на секакво ниво, до тогаш нема да не биде.

Може Смилески да ме демантира, до колку најнапред ги руши дивите објекти на неговите другарчиња со кој има Дил, да им ги поднесе кривичните пријави што по негова наредба се чуваат во фиоки, да го спречи познатиот канал за шверц со марихуана, Уље од Канабис и Коакин преку дивиот езерски и земјен премин кај Свети Наум, а потоа министерот Спасовски нека се шета со него по охридската чаршија.

П.С: Началникот на ОКП при СВР Охрид, наместо да трча на партиски состаноци, подобро ќе му биде да исчисти посел 2 години во Одделенијата кој се под негова контрола, многу дрога шетаат по градовите!!

Сашо Денесовски-Лично

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Над 100 казни за возачи на мотори и автомобили во Скопје

saso user

Столтенберг: Членството е важно за Северна Македонија, но и за НАТО

saso user

Судијата Панчевски поднесе кривична против претседателката на Антикорупциска

saso user