Број на текстови објавени денес: 0
Спорт

И Богдановиќ во идеалната петорка на Светското во Кина

Шампионите Марк Гасол и Рики Рубио се најдоа во идеалната петорка на Светското во кошарка во Кина. Друштво на двајцата Шпанци им прави по еден претставник од Франција, Србија и Аргентина, имено Еван Фурние, Богдан Богдановиќ и Луис Скола.

Рубио го заврши првенството со просек од 16,4 поени, 6,0 асистенции и 4,6 скока по натпревар. Гасол забележа 14,4 поени, 5,5 скока, 4,1 асистенции, 1,1 украдени топки и 1,1 блок.

Богдановиќ, кој заврши како топ-реализатор на турнирот, имаше статистика од 22,9 поени, 4,4 асистенции и 4,1 скок, а индикаторите на Фурние беа 19,8 поени, 3,8 скока, 3,0 асистенции и 0,9 украдени топки.

Скола, пак, блескаше со 17,9 поени, 8,1 скок и 1,8 асистенции, иако на 39-годишна возраст.вз

WITH YOU, THE FIBA BASKETBALL WORLD CUP 2019 ALL-STAR 5!

BOGDANOVIC (@LEADEROFHORDE)
@EVANFOURMIZZ
@RUUUFIO
@MARCGASOL
@LSCOLA4 #WORLDGOTGAME #FIBAWC PIC.TWITTER.COM/WCDWNT4ZQ5

— BASKETBALL WORLD CUP (@FIBAWC)

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Ботас смета дека не победи во Шпанија поради проблеми со болидот

saso user

Клоп: Ливерпул се враќа меѓу најголемите тимови во Европа

saso user

Почина легендарниот фудбалер на Ливерпул, Томи Смит

saso user