Македонија

Извадок на дел од дневни настани на МВР за ден 14.09.2019 година

На 13.09.2019 во 11.15 часот во с.Драгош, битолско, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор „Меџитлија”, ги лишиле од слобода Ф.М.Р.(23), М.П.Ј., Д.Л.Ц.(22) и М.Р.А.(26), сите од Куба, при обид илегално да ја преминат државната граница од Р.С.Македонија во Р.Грција. По извршени проверки било утврдено дека на 11.09.2019 тие легално влегле во Р.С. Македонија на Граничниот премин „Табановце“. Приведените биле предадени на инспектор при одделот за прекуграничен криминал за понатамошна постапка.

СВР Скопје поднесе кривична пријава против У.Ш.(27) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“. На 10.09.2019 во обложувалница на ул.„Благоја Стефковски“ во Скопје пријавениот со закана одзел пари од вработениот.

На 13.09.2019 околу 19.55 часот во с.Лескоец, охридско, Д.Г.(31) од с.Лескоец, управувајќи мопед со охридски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот. Во незгодата, Д.Г. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во општата болница во Охрид. Увид на местото извршила екипа од СВР Охрид.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против М.Н.(18) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“. На 13.08.2019 на социјалната мрежа „Facebook“, од неговиот профил упатил закани и навреди кон полициски службеник.

На 13.09.2019 во 17.30 часот во Полициската станица Аеродром, М.Ц.(26) од Скопје пријавил дека во 14.00 часот, пред семејната куќа, куче скитник го каснало неговиот двегодишен син во пределот на десната рака.

На 13.09.2019 во 13.04 часот на ул.„Белградска“ во Скопје, Ј.И.(38) од Скопје, управувајќи патничко возило „сузуки витара“ со кумановски регистарски ознаки, удрил во четиригодишно дете пешак. Детето се здобило со телесни повреди и било пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Власта иницира продолжување на преговорите за законот за ЈО

saso user

Заштитна опрема од ГИЗ за МВР за проектот „Спречување и борба против трговија со луѓе во Западен Балкан“

saso user

Ѓурѓај му јa врачи почесната награда „Илинден” на Архимандрит Партениј

saso user