Урбани вести

Велосипедска Тура: Славеј Планина-Караорман, Дебрца

Општо познато е дека општина Дебрца располага со доста неоткриени природни убавини, кои што се магнет за љубителите на природата, екологисти, планинари, а во поново време и љубители на планински велосипедизам.
Општина Дебрца располага со идеални терени за организација на планински велосипедизам, а особено пределот на Славеј планина, Алипашица, Караорман, Лисец, со своите природни убавини и недопрена природа е еден од најдобрите во Македонија за организирање на планинска велосипедска тура, која во организација на Здружението за спорт и рекреација “Прв до Врв” Скопје и официјално за прв пат ќе се одржи на ден 15.09.2019 година, 10.00 часот, со старт и цел во село Годивје.
Рутата на велосипедската трка е с.Годивје – с. Лактиње – пат за Славеј планина – Славеј планина- Шумски куќи Радомирово – Дебели рид (Караорман и Алипашица) – Попово нивиште (Алипашица) – Брана на најгорна Хидроцентрала на Песочанска река- Долни локви (Лисец) – с. Годивје.
Должина на турата е околу 45 км, а потребното време за возењето на оваа тура се проценува на 4 до 7 часа во зависност од индивидуалните способности на велосипедистите.
За љубителите на планинарењето се планира и планинарска тура, во должина од 12 км.
Општина Дебрца во целост го поддржува овој спортско-рекреативен настан, кој се надеваме ќе биде традиционален, бидејќи преку истиот се промовираат здравиот начин на живот, природните убавини, историското и културното наследство на Дебрца.
Повеќе информации и пријавување на линкот http://www.prvdovrv.mk/slavej

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

На мекици во Охрид се заразиле 12 луѓе, над 40 се во самоизолација

saso user

ОБУКА ЗА ДИГИТАЛЕН МАРКЕТИНГ ЗА РАЗВОЈ НА РУРАЛЕН ТУРИЗАМ

saso user

ЧЕСТИТКА НА ГРАДОНЧАЛНИКОТ ПО ПОВОД ДЕНОТ НА НАСТАВАТА НА ТУРСКИ ЈАЗИК

saso user