Бизнис

Хонг Конг понуди 36,6 милијарди долари за да се спои со Лондонската берза

Операторот на берзата во Хонг Конг, компанијата „Hong Kong Emerging End Clearing Limited“ (HKEX), денеска достави понуда до Лондонската берзанска група (ЛСЕ) за „спојување на двете компании“, а според договорот се проценува дека ЛСЕ ќе чини 29,6 милијарди фунти (36,6 милијарди американски долари).

– Управниот одбор на HKEX смета дека двете компании се многу комплементарни поради што со нетрпение очекуваат да работат со релевантните власти за да се отвори патот кон реализација на трансакцијата – се наведува во соопштението на операторот на Хонконгшката берза.

Како што е соопштено, соединувањето ќе ја зајакне деловноста на двете компании, подобро ќе се позиционираат на пазарите и во другите географски области, а на учесниците на пазарот и на инвеститорите ќе им се понуди неверојатна поврзаност на глобалниот пазар.

Од HKEX порачуваат дека трансакцијата ќе ја започнат преку комбинација на достапна готовина и преку нови кредитни механизми.

Веднаш по најновите вести, акциите на Лондонската берза скокнаа дури за 8,5 проценти за малку подоцна да изгубат дел од нивните првични придобивки.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Димковски: Ќе бидеме тука со лозарите за откупните цени и за вишоците

saso user

Кравар со калифорниски црви може да заработи повеќе отколку од млеко и телиња

saso user

Преку 9,5 милијарди евра сомнителни трансакции во Холандија

saso user