Број на текстови објавени денес: 76
Свет

Тепачка меѓу актерите на доделување на наградите, едниот извикувал: Ќе те убијам! ФОТО

Пред две вечери во Велика Британија беше одржано доделувањето на „ТВ Чојс“ наградите после кое учесничката на реалното шоу Моран Хигинс се скарала со Кејт Меглин, актерката од серијата „Coronation street“.

Не е познато поради што овие две убавици од малите екрани се скаралe пред гламурозниот хотел во Лондон, но фотографиите на нашминката и дотерани девојки како врескаат една на друга го обиколија светот.

Ден подоцна, пристигна веста и дека се степале актерите од серијата „Емердејл“!

Актерот Асан Н’Џи го нападна Џејми Ломас, ТВ-ѕвезда од серијата „Hollyoaks“. Н’Џи му се закани дека ќе го заколе со нож , а целиот настан е снимен. Во пијана состојба Н’Џи почнал среде фоајето на хотелот каде се одржувала манифестацијата да вика по Џејми.

„Мислиш дека си голем човек? Ќе те убијам, ќе те расечам со нож!“. Потоа го нападнал и го удрил, а Џејми возвратил.

На крајот, интервенираше обезбедувањето, кое морало двапати да ги раздели, по што Н’Џи беше протеран од хотелот каде се одржувала церемонијата за доделување награди. Соработникот на Џејми од серијата изјави дека се обидел навреме да ја смири ситуацијата, но не успеал. „Му реков да се опушти. Ова не е толку забавно“, изјави тој за медиумите.

Поради агресивното однесување и хаосот што го предизвика, Н’Џи беше избркан од хотелот „Емердејл“. Инаку, ликот што тој неодамна го играл беше прободен во една епизода со нож, што е токму она со кое му се закани на Џејми.

Веднаш по инцидентот Џејми смирено си правел селфи со фановите.

Актерот набрзо се огласи со соопштение во кое јавно му се извинува на колегата, „и на целата јавност поради неприфатливото однесување“.

Асан добил отказ во серијата!

SERIJA

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Бројот на белите мечки во Арктикот во пораст

saso user

Мадуро кон војската: Бидете подготвени да ни ја заштитите татковината од САД

saso user

Отворена плажата во Фукушима, осум години по нуклеарната катастрофа ВИДЕО

saso user