Број на текстови објавени денес: 83
Свет

Под истрага претседателот на француското Собрание поради финансиска злоупотреба

Претседателот на Националното собрание на Франција, Ришар Феран, близок сојузник на претседателот Емануел Макрон, е ставен под официјална истрага за наводна финансиска злоупотреба, соопшти Собранието.

Феран ги негираше обвинувањата и е уверен дека случајот ќе биде отфрлен.

Овој потег, кој следеше по долг распит на Феран во текот на вчерашниот ден, најверојатно ќе предизвика преиспитување на ветувањето на Макрон за „чистење“ на француската политика.

Според францускиот закон, ставање под формална истрага значи дека постојат „сериозни или конзистентни докази“ кои укажуваат на можна вмешаност на осомничениот во кривичното дело.

Првичната истрага на француското Јавно обвинителство за финансиското работење на Феран беше заклучена кон крајот на 2017 година, при што Феран поднесе оставка како министер за време на таа истрага.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Возбудена заборавила да ја крене рачната сопирачка, па комбето удри во авионот на Меркел? (ФОТО)

saso user

Поранешен албански командос уапсен за тероризам

saso user

Германец роден во Албанија со доживотна казна за убиство на тинејџер

saso user