Спорт

Македонските одбојкари ќе дебитираат на ЕП

Македонската одбојкарска репрезентација денес ќе го има своето деби на евро-шампионатите. „Црвено-жолтите“ изборија историски пласман на 31. Европско првенство каде прв противник ќе им биде Финска. Натпреварот се игра од 17:30 часот во Љубљана.

– Не сакаме да бидеме само обични учесници, сакаме и да победуваме. Нема што да се плашиме од Финска, тоа е добра репрезентација, но од наш ранг. Треба да бидеме агресивни, да ги намалиме грешките, да се бориме за секоја топка. Тие играат мудро, но имаат проблеми со високите топки. Очекувам ова да биде наш ден, да биде убав ден – оптимист е капитенот Никола Ѓорѓиев.

Другите две двојки за 1.коло од Ц-групата се:
Турција – Русија и
Словенија – Белорусија.

ФОТО: МИА

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Фудбалерите во Германија се враќаат на теренот

saso user

Абрамович обезбеди престој на лондонските лекари во хотелот на стадионот на Челзи

saso user

Во Скопје Европско шаховско првенство

saso user