Балкан

МРБалкан ќе ги собере регионалните научници по петти пат

Македонскиот невронаучник Никола Стиков, во соработка со своите колеги Богдан Драгански, Јадранка Стојановска и Томи Бошковски, по петти пат го организира регионалниот научен собир МРБалкан.орг, кој ќе се одржи во Софија од 12 до 14 септември.

По успехот на првите четири конференции – првите две во земјава (2008 и 2011), третата во Турција (2014) и четвртата во Словенија (2017) – и на годинашниот собир ќе се разгледуваат различни аспекти на снимањето со магнетната резонанција, од основите па сè до најновите откритија во областа.

Дваесетина светски познати научници ќе ги претстават своите истражувања пред публика од радиолози, невролози, кардиолози, хирурзи, биомедицински инженери и физичари од Бугарија и Северна Македонија. Меѓу говорниците се Дејвид ван Есен од Медицинскиот универзитет Вашингтон во Сент Луис, САД, како и Стив Смит и Карла Милер од Универзитетот Оксфорд, Велика Британија.

Стиков раководи со Истражувачката лабораторија за невроснимање при Политехничкиот факултет на Универзитетот во Монтреал. Веќе десет години ја развива регионалната мрежа за соработка меѓу професионалците што се занимаваат со магнетна резонанција низ Балканот.

МИА

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Мртва жена меѓу 13 мигранти пронајдени на грчкиот остров Самос

saso user

Собранието на Албанија од денеска и официјално без опозиција

saso user

Вучиќ: Се движиме кон катастрофа – сакаат да ја укинат Српската листа во Косово

saso user