Македонија

Ќе не скенираат и во аптеките, а на лекарите ќе им креваат црвени знаменца

Од 1 октомври лековите на рецепт ќе може да се подигнат во текот на целиот месец, тоа значи дека се воведуваат неограничените квоти во 778 аптеки.

Но, Фондот мора да има увид во валидноста и во веродостојноста на секој издаден рецепт за лек што е на негов товар, затоа се воведуваат дополнителни контролни механизми, велат во Фондот за здравство.

Новината која ќе заживее за неколку месеци, кога ќе се воведе електронскиот рецепт се скенери во аптеките кои ќе ја снимаат личната карта на осигуреникот кој ги подига лековите. Еден скенер чини 300 евра, а тој трошок за секоја аптека ќе го покрие Фондот за здравство.

– Ќе има и т.н. црвени знаменца кои ќе ни сигнализираат ако некој лекар препишува лекови над просекот, на пример, над 20 лека на рецепт месечно. Мора да ги засилиме механизмите на контрола ако сакаме оваа голема бенефиција да ја уживаат осигурениците на Фондот и затоа воведовме со лична карта да се препишуваат и да се подигаат лековите. Сега од 1 октомври на секој рецепт матичниот лекар ќе мора да го внесе и бројот на личната карта за да имаме увид кој ги подига лековите на рецепт. Досега можеше 100 рецепти да бидат препишани на 100 осигуреници, пациентот тоа да не го знае, а во Фондот немавме увид во „реално време“ – кога лекот е препишан и издаден. Со овие новини ќе имаме увид – рече Ден Дончев, директор на Фондот.

Лек ќе може да се земе од аптека и за друго лице, член на семејство, сосед или пријател со истата процедура – приложување лична карта на оној што го подига рецептот.

Од Фондот нагласија дека за обврската за личните карти ја информирале Дирекцијата за заштита на лични податоци, а дека внесувањето на бројот на личната карта или пасошот во рецептот нема да им одзема време на лекарите – за тоа веќе постоела графа.

Од Фондот не кажаа колку овие новини ќе ја чинат здравствената каса, освен податокот дека околу 300.000 евра ќе чини набавката на скенери за аптеките кои работат со Фондот.

На брифингот беше обелоденет интересен податок – од еден ланец аптеки во земјата побарале да останат досегашните ограничени квоти со лекови, со „инфузија“ на постојните?! Од Фондот не открија чиј предлог бил тоа, а новинарите забележаа дека на тие аптеки треба да им останат тогаш досегашните квоти со лекови.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Тони Јакимовски го испрашува свиркачот Костовски за прислушувањето

saso user

Загина работник на комуналната хигиена во Студеничани

saso user

Шекеринска: Подготвени сме и за поголем притисок од мигранти на јужната граница

saso user