Здравје

Јадете круши!

Кога ќе дојде есен, главни ѕвезди се јаболките и тиквите, но многу често се случува да ги заборавиме крушите

Иако можеби не се најпопуларна есенска намирница, има бројни причини зошто не би требало да ги занемариме.

Крушите не се само сочни и вкусни, туку се и една од најздравите есенски намирници.

Тие изобилуваат со влакна, па помагаат за спречување на надуеноста, одржување на здравото ниво на холестерол, а добри се и за превенција на рак од дојка, срцеви болести и дијабетес тип 2.

Крушите се извор на низа витамини – Ц, К, Б2, Б3 и Б6. Идеално овошје се за трудниците или за мајките кои дојат. Од минерали, содржат калциум, магнезиум, калиум, бакар и манган. Витаминот Ц и бакарот се антиоксиданси па една круша на ден ќе направи чудо за вашиот имунитет.

Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.

Фото: Pixabey

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Се’ додека има пчели ќе има живот, кај овој човек и полна визба тегли мед (ВИДЕО)

saso user

Одите на море? Сѐ што треба да знаете за одложувањето на менструацијата

saso user

Лимонот е едно од најздравите овошја, но од него можете и да се разболите

saso user