Број на текстови објавени денес: 78
Свет

Шкотски суд: Нелегална е одлуката на Џонсон за суспензија на Парламентот

Шкотски суд денеска ја прогласи одлуката на британскиот премиер Борис Џонсон да го суспендира Парламентот како нелегална, но не нареди укинување на суспензијата.

Комисија со три судии ја поддржа тужбата од група политичари од различни партии кои се спротивставија на тој потег на премиерот.

Денешната пресуда ја преиначува претходната пресуда на судот што минатата недела објави дека Џонсон не го прекршил законот.

Одлуката нема веднаш да влијае на суспензијата на британскиот Парламент, која започна вчера.

Судиите нагласија дека конечната одлука треба да ја донесе британскиот Врховен суд, што ќе расправа за тоа прашање во вторник.

Во денешниот заклучок на шкотскиот суд се наведува дека судиите едногласно изразиле уверување дека одлуката на Џонсон да го суспендира.

ФОТО: EPA / NEIL HALL

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

САД во шок, критиките не стивнуваат ни по извинувањето на полицајците

saso user

„Јутјуб“ и „Гугл“ казнети 170 милиони долари во САД бидејќи не штитат деца

saso user

До 2.500 евра казна ако со сандали се качуваат по карпа

saso user