Македонија

Холандски суд ослободи лекарка поради извршена евтаназија

Холандски суд денеска ја ослободи лекарката по сите точки на обвинението поради евтаназија на 74-годишна пациентка, која страдала од деменција.

Судијата на Окружниот суд во Хаг утврди дека пациентката барала евтаназија во рана фаза на болеста, а лекарката внимателно постапувала и во согласност со законот, советувајќи се со други лекари и семејството на пациентката и врз основа на нејзината волја.

Според холандските закони евтаназијата е легална во услови кога пациентот е во неподнослива состојба на страдање, без надеж за оздравување и сака да умре.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Владата ги поништи разрешувањата и именувањата на Мизрахи на в.д. директори во шест центри за социјална работа

saso user

Извадок на дел од дневни настани на МВР за ден 28.09.2019 година

saso user

Топло до 34 степени, барајте сенки

saso user