Број на текстови објавени денес: 75
Свет

Странски студенти ќе можат да останат во Британија две години по дипломирање

Странските студенти ќе можат да останат во Велика Британија две години откако ќе дипломираат и бараат работа, објави денеска Владата во Лондон.

Тие досега беа во можност да останат во Велика Британија само четири месеци по завршувањето на студиите според правилата донесени од поранешната премиерка Тереза ​​Меј, додека беше министер за внатрешни работи.

– Културниот и економскиот придонес на меѓународните студенти за нашата земја и универзитетит е важен. Нивното присуство е од корист за Велика Британија – рече министерот за образование Гавин Вилијамсон.

Тој додаде дека универзитетите се стремат да бидат отворени глобални институции.

– Со воведувањето на визите за постдипломски студии, ние гарантираме дека нашиот престижен образовен сектор продолжува да го привлекува најдобриот талент од целиот свет кон глобалната Велика Британија – додаде Вилијамсон.

Владата наведува дека новите правила ќе им овозможат на студентите да работат или да бараат работа со кое било ниво на вештина. Потоа, тие можат да се префрлат на виза за квалификуван работник доколку ја пронајдат работата за која се квалификувани.

Нема да има ограничување на бројот на студенти кои можат да аплицираат за визи по дипломирањето. Околу 450.000 меѓународни студенти учат годишно во Британија.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Jункер: Гласајте како да е од пресудно значење, секој глас се брои

saso user

Уапсени наставници и ученици во Кина, биле позитивни на тест за дрога

saso user

Во Перу пронајден фосил од кит со четири нозе стар 43 милиони години

saso user