Број на текстови објавени денес: 69
Македонија

Собранието одби денеска да ја разреши Катица Јанева

Не помина предлогот на ВМРО-ДПМНЕ Собранието денеска да гласа за разрешување на приведената специјална обвинителка во оставка Катица Јанева. Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ предложи точка на дневен ред да биде разрешувањето Јанева, согласно веќе усвоената препорака на Комисијата за избори и именување и Советот на јавните обвинители, специјалната обвинителка да биде разрешена.

Според партијата на Христијан Мицкоски, дополнителен аргумент е што таа е во притвор и е осомничена за случајот „Рекет“, а истовремено дава и одлуки и наредби од притвор, кои се противзаконски.

Парламентарното мнозинство со 58 гласа го отфрли предлогот Собранието денеска да гласа  Јанева да биде разрешена. Според ВМРО-ДПМНЕ, нејасно е зошто власта ја штити Катица Јанева од разрешување на очиглед на целата јавност за нејзината злоупотреба на позицијата специјален јавен обвинител.

Претседателот на Собранието Талат Џафери го ставил предлогот пратениците денеска да гласаат за разрешувањето на Јанева, но претходно образложил дека разрешувањето на шефицата на СЈО треба да биде на посебна седница и по предходен политички договор.

Мандатот на Јанева истекува на 15 сптември.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Скопјани тераат мајтап со прекрстувањето на улиците, заборавиле каде живеат

saso user

Мицкоски: ВМРО е темелот на Илинден, не смееме да се одречеме од Делчев, Груев, Карев

saso user

Кај Блаце пронаjдени 180 стебла канабис

saso user