Број на текстови објавени денес: 69
Македонија

Пецас: Правиме сѐ што можеме за да ги ублажиме негативните последици од национално штетниот Договор од Преспа

Договорот од Преспа е национално штетен и правиме сѐ што можеме за да ги ублажиме негативните последици како за македонските производи така и во врска со македонскиот јазик и националност кои имаат некои негативни последици, вели портпаролот на грчката влада, Стелиос Пецас на денешниот редовен брифинг со новинарите, одговарајќи на прашањето како грчката влада го карактеризира Договорот од Преспа, јави дописничката на МИА од Атина.

– Премиерот, како на саемот во Солун каде што беше прашан, но и во неговите меѓународни контакти со лидерите на други европски земји, како што беше во Франција, Германија и Холандија договорот го карактеризираше како национално штетен договор и правиме сѐ што можеме за да ги ублажиме негативните последици како за македонските производи така и во врска со прашањата за македонски јазик и националност што имаат некои негативни последици – рече Пецас.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Котевски: Јанакиески е вратен во истражниот затвор, имал нагмечувања, но не и скршеници

saso user

На Табановце се чека до 40 минути

saso user

Скопјанчиња ќе може да јаваат пони коњчиња во Градски парк

saso user