Број на текстови објавени денес: 82
Урбани вести

Одржани два еколошки настани во Охрид

Во организација на Здружението за одржлив социо-економски развој „Изгрејсонце“ – Скопје, a со поддршка на Green European Foundation – GEF од Брисел, Белгија, се одржa советување посветено на еколошки теми во Охрид.

Повеќе од 60 учесници имаа можност да разговараат на две теми.
Првата тема Фер и здрава храна” што е, всушност меѓународен проект, во кој учествуваат организации од Белгија, Полска, Ирска и од Македонија, се дискутираше за изнаоѓањето алтернативни решенија и позитивни промени во производството на здрава храна, поточно за производство на органска и локална храна во Македонија како и за искуствата во рамките на земјите од ЕУ. На настанот беше презентиран и трудот со истиот наслов Фер и здрава храна (Fair and Healthy Food) од неговиот автор Дирк Холеманс директор на организацијата Оикос од Белгија, и неговите соработници Ева Суфин Жакмарт од Стрефа Зелени од Полска, Жаклина Живковиќ од организацијата “У Мрежи” од Белград, Србија и Александар Ѓорѓиевски од здружението Изгрејсонце од Скопје. Со презентација на својата работа и во понатамошна дискусија на темата се приклучија Василка Стефановска од Слоу Фуд Водно, Билјана Филиповска од Наша Добра Земја и директорот на Агенцијата за туризам Љупчо Јаневски.

Втората тема: “Енергетска демократија” за која учесниците се фокусираа на можностите за партиципативна, инклузивна и децентрализирана зелена економија преку промовирање на концептот – Енергетска демократија. Панел дискусијата беше водена од Ервин Реџепагиќ – енергетски советник од Скопје со осврт на состојбите во енергетскиот сектор во земјава, а покрај другите, говорник на оваа тема беше Хајдана Рукавина од Зелената Енергетска Задруга – ЗЕЗ која е членка на европската организација за енергетски кооперативи REScoop. За оваа тема се направи и еден вид стручна работилница, на која се расправаше за енергетските кооперативи и други форми на зелената економија во Европа.
На настанот се обрати и пратеничката во македонското Собрание и претседателка на зелената партија ДОМ, Маја Морачанин, која го потенцираше значењето на развојот на зелената економија, потребата од отворање зелени работни места, и ја нагласи неопходноста од обезбедување обновливи извори на енергија и создавање услови за здрава животна средина, во која ќе се одгледува и произведува здрава органска храна.
Овој настан во Охрид го одбележа еколошкиот момент, преку кој менито на настанот беше вегетаријанско со користење на локална органска храна, а самиот настан беше одбележан преку целосно “исфрлање” на пластиката од употреба.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

ПОЗНАТ ДОБИТНИКОТ НА НАГРАДАТА “ЖИВКО ЧИНГО“

saso user

ОДБЕЛЕЖАН ДЕНОТ НА ЕВРОПА

saso user

ТРИБИНА ЗА СТУДЕНЧИШКОТО БЛАТО И РЕГУЛИРАЊЕ НА СООБРАЌАЈОТ ВО ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО

saso user