Број на текстови објавени денес: 78
Македонија Топ вести

Обвинителите од СЈО се враќаат на местата од каде дошле

Со преземањето на предметите на СЈО од страна на редовното обвинителство, 10-те специјални обвинители ќе можат да се вратат во матичните обвинителства, од каде дошле во Специјалното јавно обвинителство, при што ќе можат да работат и некои од предметите што подоцна ќе бидат препраспределени. Ова го соопшти премиерот Зоран Заев на претпладневната прес конференција, каде ссоопшти дека со ВМРО ДПМНЕ не постигнале договор за предлог законот за јавното обвинителство, со кој се решавата и статусот на СЈО.

– Иднината на предметите и осигурана, иднината на обвинителите е осигурана. Предметите се предаваат во Јавното обвинителство кај државниот обвинител и тој ќе ги распореди. Обвинители од СЈО, 10-те кои беа таму се враќаат секаде од каде што дошле. Секој од нив е потенцијален да води предмети. Решение има за сѐ. Може платите нема да им бидат какви што им биле досега, но нивната иднина е обезбедена“, рече Заев.

Во соопштение објавено на сајтот на СЈО, специјалните јавни обвинители изразија загриженост за нивниот статус, односно дека до овој момент ниту е избран јавен обвинител кој ќе ја замени Катица Јанева, ниту пак е донесено ново законско решение со кое што ќе се регулира статусот на ова Јавно обвинителство.

– Потсетуваме дека мандатот на СЈО е до 15 септември 2020 година, до кога продолжуваат работниот однос на вработените во Обвинителството и тековните обврски на институцијата. Отсуството на регулатива за тоа што ќе се случува со вработените, тековните обврски, архивата и материјалите со кои располага Обвинителството, во ситуација кога нема раководно лице на институцијата, ќе доведе до реални проблеми во остварувањето на правата од работен однос на вработените лица и намирување на обврските на институцијата, а воедно ќе отсуствува и контрола на спроведувањето на безбедносните процедури поврзани со сите материјали со кои располага Обвинителството, реагираа од СЈО.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Исчезна 23-годишен скопјанец

saso user

Хан: Почнавме со изјава дека нема да има проширување на ЕУ, сега препорачуваме преговори со Македонија и со Албанија

saso user

Во Шутка нападнати Ристовски и Јанакиески, на Миле му ја скршиле раката

saso user