Број на текстови објавени денес: 83
Македонија Топ вести

Мицкоски: Заев не сака да се дојде до Кирацовски, ниту до Ременски

Планот на Заев е да не се постигне договор. Тој сака контрола врз новото обвинителство а тоа му треба за да не одговора и за Рекет, но богами и за Рекет 2, Рекет 3, Рекет 4…, тендерите на Рашковски. Да не се стигне ниту до Кирацовски, ниту до Ременски и сите опфатени во силна криминализираност. Ете затоа нема договор, изјави денеска на прес конференција лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

– Сосема свесно почекав СДСМ да изнесат еден куп лаги и невистини за лидерската средба вчера. Лаги од епски размери, кои имаат за цел дефокусирање на вниманието од непостигнувањето на договор. Не треба да биде човек генијалец за да сфати како размислуваат површни и исплашени луѓе како овие што седеа вчера пред мене. Знаеме дека не се чисти и до гуша се во корупција и во криминал. Вистина е дека вчера главната борба на Зоран Заев беше да се заштити Зоран Заев фамилијата и соработниците. Очајник потопен во криминал кој црвенешее, бледееше само да задржи каква било контрола врз обвинителството. Планот на Заев е да не се постигне догоовр. Човекот има план Ц, односно предметите од СЈО да ги пренесе во ЈО. Вака си купи уште некој месец мир, но соочувањето со правдата е неизбежно – порача Мицкоски.

Според него, постои основано сомневање за Рекет 2, Рекет 3, Рекет 4, Рекет 5, но и за други кривични дела кои оваа власт веќе трета година ги прави и затоа им е потребна Русковска за да направи амнестија и за да го заштити Заев и СДСМ од сторениот криминал.

Тој им се извини на новинарите за долгото чркање ноќеска во Собранието и останувањето без информации за текот на преговорите.

– Да се извиниме зашто ве оставивме до долго во ноќта да чекате за каква било информација и вашата реакција беше сосема оправдана. Ќе се трудиме да не го повториме тоа во иднина – рече Мицкоски.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Пожарите излегуваат од контрола, секој ден нови жаришта

saso user

Државната награда „8 Септември“ во раце на заслужни сограѓани

saso user

Ременски: Вељановски да поднесе неотповиклива оставка од Комисијата за надзор на безбедносните служби

saso user