Број на текстови објавени денес: 81
Бизнис

Министерот за локална самоуправа Горан Милевски денес го отвори настанот „Tech4MuniМК – следната генерација на хакатон„

Министерот за локална самоуправа Горан Милевски денес го отвори настанот  „Tech4MuniМК – следната генерација на хакатон„ кој се одржи во Скопје, а на кој присутни беа Постојаната претставничка на УНДП, Нарине Сахикјан, господин Карл Џачинти, претставник на Европската Унија и господин Стефан Томагиан, заменик амбасадор на Швајцарија.

Министерот Милевски во своето обраќање пред присутните изрази задоволство за организираниот настан кој според него отвора нови перспективи за нови партнерства.

-Во ова време на динамичен технолошки развој, јавниот сектор треба да користи иновативни начини во обезбедувањето на услугите. Граѓаните бараат брзи, квалитетни и евтини услуги. Одговорност на локалните власти е да го најдат најдобриот начин и да обезбедат најдобри решенија. Да се биде успешен градоначалник значи да се биде успешен менаџер кој што ќе знае да ги вмрежи јавниот, граѓанскиот и бизнис секторот во барањето на најдобри решенија. Задоволување на јавниот интерес преку користење на нови технологии, а тоа е формулата за успешно управување.

-Кога се зборува за паметни решенија не треба да се мисли само на користење на ИТ технологија. Паметно решение е и користење на нови материјали во обезбедувањето на енергетска ефикасност, нов начин на организација на процесите на работа, воведување на нови услуги кои што им го олеснуваат животот на граѓаните, обезбедување на соодветен пристап до услугите на сите граѓани, независно од нивните можности или ограничувања, соодветно вклучување во процесите на одлучување и соодветна застапеност на граѓаните во општината. Предизвиците се огромни како што е голем и просторот за креирање на нови иновативни решенија. Во потрагата по нив јавниот сектор секогаш треба да води сметка за јавниот интерес. Тука е точката во која што треба да го направат компромисот јавниот, граѓанскиот и бизнис секторот.   Приоритетите ги определуваат граѓаните, решенијата ги нудат локалните власти, во партнерство со бизнис секторот, истакна Министерот за локална самоуправа, Горан Милевски.

Постојаната претставничка на УНДП, Нарине Сахакјан изјави дека ‘Северна Македонија е држава во срцето на Европа, со високо образовани професионалци со претприемнички дух, со богата историја и култура и дека оваа иницијатива има потенцијал да отвори пат за нешто поголемо, нешто што ќе ги мотивира граѓаните да ги споделуваат нивните идеи за подобра иднина во која никој нема да биде изоставен’.

Хакатонот е организиран од страна на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и Лабораторијата за иновации од Тел Авив – Израел ‘Креаторс’, и е дел од поголемата програма ‘Подобрување на општинските услуги’ која што ја спроведува УНДП во партнерство со Министерство за локална самоуправа, а е финансирана од Европската Унија.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Германските инвеститори ја оценија Владата со нула, само работниците положија

saso user

Многу приоритети и проблеми, малку пари – како се делат средствата за регионален развој?

saso user

Под дрво и под камен се бара кадар да преговара со ЕУ

saso user