Број на текстови објавени денес: 71
Сцена

Мадона постави ригoрозни правила за обожавателите, во спротивно ќе бидат исфрлени од концертот

„Ако некој користи мобилен телефон на концертите, ќе биде исфрлен од концертната сала“, стои во соопштението на Мадона за нејзината светска турнеја по повод 14-от студиски албум со симболички наслов „Madame X“, пренесува „Дејли стар“.

Пејачката сака турнејата да ја изведе најдобро што може, па поради тоа овојпат одела до екстремности.

„Користење мобилни телефони, паметни часовници, камери и слични уреди нема да бидат дозволени за време на настапите. Однапред треба да го резервирате вашето место за да влезете во зградата, а откако ќе ви бидат поништени влезниците на мобилните телефони, нема да може да ги користите“, пишува во соопштението.

Мадона ќе ја ангажира компанијата „Yondr“, која ќе додели торби за телефон, кои можат да се заклучат, а после концертот ќе може да се отклучат.

Некои обожаватели се согласиле со нејзиното барање, сметајќи дека пејачката сака да го „почувствуваат“ концертот, а не постојано да гледаат во телефоните.

Мадона неодамна се огласи за штетноста од мобилните телефони, сметајќи дека тие ја оддалечиле од нејзините деца. На нејзиниот син Дејвид му го одземала телефонот, бидејќи, како што вели, нејзините деца станале опседнати со фотографиите на другите и почнале да се споредуваат со нив.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Оскаровката ќе ја игра Мишел Обама во новата серија за животот на првите дами на САД

saso user

Великаните на српското глумиште на поштенски марки

saso user

Џим Кери со карикатура на гувернерката на Алабама како абортиран фетус

saso user