Здравје

Лекарите признале: За овие сериозни болести пациентите добиваат погрешна дијагноза!

Погрешно дијагностицирање е најчеста медицинска грешка, но и најсериозна.
Не е познат податокот колку луѓе се оштетени со погрешна дијагноза, но се проценува дека приближно 40. до 80.000. смртни случаи во американските болници секоја година се поврзани со погрешна дијагноза.

За да откријат кои состојби лекарите најчесто погрешно ги дијагностицираат, а кои можат да доведе до смрт или големи оштетувања, експертите испитувале и анализирале повеќе од 11.000 пријавени случаи на несовесно лекување. Резултатите се објавени во магазинот „Diagnosis“.

– Постојат околу 10.000 болести, од кои секоја се манифестира преку различни симптоми, така што може да биде малку обесхрабрувачки да размислуваме како да се реши проблемот со погрешнота дијагноза – рекол д-р Дејвид Њумен Токер, директор на Институтот за успешна дијагноза.

„Големата тројка“

Истражувачкиот тим заклучил дека е изненадувачки мал бројот на здравствените состојби поврзани со најчестите грешки при дијагностицирање. Три различни болести биле одговорни за најсериозните грешки: инфекција, васкуларни проблеми и карциноми.

Научниците проучувале колку се сериозни и чести грешки и каде најчесто се јавуваат.

Повеќе од една третина од грешките што предизвикале смрт или сериозно оштетување се поврзани со туморите. Погрешно дијагностицирање кај васкуларните проблеми се случува во 22 отсто од случаите, а 13,5 отсто кај инфекциите.

„Големата тројка“ научниците ја поделиле на 15 специфични состојби и на самиот врв се карцином на белите дробови, мозочен удар и сепса. На списокот се нашле и срцевиот удар, меланомот, карциномот на простата и на дојка.

„Овие резултати помогнаа при создавање на „мапата“ за да можеме полесно да сфатиме кои проблеми мора да се решаваат во медицинскиот систем“, заклучил д-р Њумен-Токер.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Пет работи кои ќе ве разбудат побрзо и подобро и од кафето

saso user

Што видот на кашлицата открива за тоа колку ви е загрозено здравјето

saso user

Со охрабрувањето без мерка и градењето на култ дека е најдобро, му правиме на детето лоша услуга

saso user