Број на текстови објавени денес: 83
Балкан

Детскиот брак во Србија е минато со новите законски измени

Со најновите измени на Законот за семејство во Србија ги укинуваат браковите за деца, а кривични санкции ќе бидат изречени за родители кои ги уредуваат и склучуваат договор за тие бракови, објави „Политика“.

Кривични санкции ќе бидат изречени и за возрасни ако започнат да живеат заедно со малолетник, изјави за „Политика“ специјалниот советник на министерот за труд Драган Вулевиќ.

„Свесни сме дека измените со законот нема да се спречи тој феномен, но мора да нагласам дека ќе бидат предвидени кривични санкции за родители кои дозволуваат или договорат вакви бракови, но и за возрасни ако започнат да живеат заедно со малолетник“, рече Вулевиќ.

Во Србија секоја година се прават околу 2.000 бракови и досегашниот закон им понуди на многу родители „алиби за продажба на деца“.

„Според постојниот закон, дете над 16-годишна возраст може да стапи во брак врз основа на судска одлука во вонпроцесна постапка, со мислење на центарот за социјална работа за остварена психо-физичка подготвеност. Со измените на законот се укинува таква можност и брак во иднина ќе може да склучат само возрасни“, вели Вулевиќ.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Харадинај: Нема да има мир на Балканот се додека Србија не ги признае своите злосторствав

saso user

По судирите, мигрантите се повлекоа од камповите во северна Грција

saso user

Србин со нож нападнал семејство во Италија, таткото се обидувал да ги заштити сопругата и ќерките

saso user