Број на текстови објавени денес: 71
Балкан

Бугарин обвинет за шпионажа за Русија

Бугарското обвинителство обвини водач на невладина организација заради шпионажа за Русија, а во обид да одврати внимание на Бугарите од западните сојузници и да ги приближи до Москва.

Обвинителите тврдат дека лидерот на Националното движење русофили, педесетгодишниот Николај Малинов, работел во Рускиот институт за стратешки студии, претежно воден од поранешни разузнавачи, и за руската невладина организација „Двоглав орел“  од 2010 година.

„Николај Малинов е обвинет дека се ставил на располагање на странски организации и шпионирал за нив“, изјави заменик-главниот обвинител Иван Гешев.

Малинов беше ослободен со кауција, но не смее да ја напушти земјата, потврди главниот обвинител Сотир Кацаров.

Обвинителството пронајде документ на руски јазик во кој се зборува за „неопходно геополитичко пренасочување на Бугарија“ подготвено од Малинов.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Коцијанчиќ: Датумот на локалните избори во надлежност на албанските институции

saso user

Седум од 10 Грци сметаат дека Договорот од Преспа многу ќе влијае на изборите

saso user

Полјак вљубен во Хрватка и во Пелинковец организира Пелинковец-фестивал во Стари Град

saso user